Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо, смета дека пласманот на Рома во финалето на Лига Европа е голем успех, бидејќи клубот има скромен буџет и за засилувања потрошил само 7 милиони евра.
Ако Рома ја освои Лига Европа, а Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите, тогаш догодина во европскиот Суперкуп ќе се надмудруваат старите познаници и ривали Мурињо и Пеп Гвардиола, ако останат тренери во клубовите каде што се сега.
„Тимови кои немаат проблем за тие што на клупата имаат играчи од 40 или 70 милиони евра. Во средата, играчи како Хулијан Алварес, Фоден и Марез влегоа во второ полувреме кај Манчестер сити. На трансфер пазарот инвестиравме само 7 милиони евра, и стигнавме до финале. Тоа е фантастично“ – изјави Мурињо.