Хари Кејн со еден од најубавите голови во кариерата, попладнево му донесе водство на Тотенхем против Брентфорд, и со тоа постави премиерлигашки рекорд.
Стана првиот фудбалер кој постигнал гол на 25 различни мечеви во една иста сезона во Премиер лигата, и вториот што дал 10 гола во една сезона во лондонски дербија. За Петлите ова е 37-ми меч сезонава, што значи дека Кејн само на 12 дуели сезонава не даде гол. Ниту рекордерот по број на голови во една сезона, Ерлинг Халанд, нема таков ефект.
https://twitter.com/i/status/1659887204653731842