Екипите на Вардар и Скопје денес во 17 часот ќе го одиграат бараж-натпреварот за пласман во прволигашката конкуренција и тоа на Градскиот стадион во Кавадарци. За таа цел голема бројка на најверни навивачи на Вардар веќе се упатија кон тиквешијата за да го поддржат својот клуб во борбата за враќање во првата лига после две сезона.
Повеќе од 500 членови на навивачката група Комити, но и симпатизери на Вардар тргнаа кон Кавадарци од пред СЦ Јане Сандански, а попатно треба да соберат уште навивачи. Кон Росоман, каде е збирното место, веќе се тргнати и навивачи од останатите населени места од внатрешноста на Македонија.
Во продолжение дел од атмосферата пред тргањето за Кавадарци.
Пивото мора да биде ладно …
Кон Кавадарци тргнаа и младите фудбалери од кадетската генерација на Вардар, која го освои Купот на Македонија во нивната возрасна генерација, а со нив патува пехарот како дополнителен мотив за фудбалерите од првата екипа.