Вардар води со 3:0 против Скопје во бараж мечот за влез во Прва фудбалска лига, а до крајот на 90-те минути има уште половина час. Дарко Размовски по втор пат донесе радост за Црвено-црните во 50 минута. Десниќ продре по левата страна, одлично нафрли, а Размовски рутински погоди за 2:0.
Црвено-црните не сопреа тука и веќе во 59 минута повторно се радуваа. Беше досуден слободен удар, а Дарко Глишиќ одлично шутираше и ја затресе мрежата на противникот.
Оваа голеада на Вардар беше најавена уште на стартот од средбата, кога Размоски погоди за 1:0 во третата минута и тој погодок може да го видите ТУКА.