Договорот на Анхел ди Марија и Јувентус истекува налето. Аргентинецот постојано изјавуваше дека нема ништо против да остане во Торино, но елиминацијата од Севиља ги промени плановите на раководството на Старата дама.
Во Јувентус не се задоволни од игрите на Ди Марија и сакаат да се ослободат од него. Аргентинецот во Јувентус пристигна без обесштетување, а на ист начин веројатно и ќе си замине.
Ди Марија со репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во Катар, а за Јувентус оваа сезона одигра 37 натпревари, на кои постигна осум погодоци и запиша седум асистенции, но се чини сето ова не е доволно за тој да остане во Торино.