Екипата на Партизан со објава на социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Реал Мадрид во кошаркарската Евролига. Сето тоа наиде на негодување кај навивачите на белградскиот тим бидејќи на патот до фајнлфор-турнирот во Каунас, Реал го елиминира токму Партизан, и тоа откако Црно-белите имаа водство од 2-0. Вториот натпревар во Мадрид го одбележа големата тепачка на кошаркарите, па мечот беше прекинат бидејќи сите кошаркари беа исклучени.
Голем дел од коментарите се вулгарни и навредливи на сметка на Кралскиот клуб, но и на сметка на човекот кој ги води социјалните мрежи на Партизан, но и раководството на клубот.
Во објавата на Партизан се вели: „Ви честитаме за освојувањето на Евролигата. Вие покажавте неверојатен карактер и им дадовте пример на сите колку далеку може да стигне една екипа ако верува до крај!“