Полека, но сигурно го добиваме расплетот на фудбалските првенства низ Европа, а со тоа се познати и повеќе од половина од учесниците во групната фаза на Лигата на шампионите за следната сезона. Првенствата на Англија, Шпанија, Италија и Германија ќе дадат по четири директни учесници, Франција и Португалија по два, додека првенствата на Холандија, Австрија, Шкотска и Србија по еден учесник.
Промени може да донесе само финалето на Лигата на Европа, во кое ќе играат Севиља и Рома, а бидејќи овие екипи се далеку од обезбедување пласман во Лигата на шампионите преку првенството, тоа ќе значи дека Италија или Шпанија ќе имаат и петти претставник во групната фаза. Местото на победникот во Лигата на шампионите ќе го заземе шампионот на Украина бидејќи Манчестер сити веќе е пласиран преку првенството, а Интер е многу блиску да го направи тоа преку Серија А.
Останатите шест екипи ќе бидат познати откако ќе се одиграат квалификациите.
Сигурни учесници во групите на Лигата на шампионите за следната сезона:
Германија: Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Лајпциг + 1 екипа: Унион Берлин или Фрајбург
Англија: Манчестер сити, Арсенал, Њукасл + 1 екипа: Манчестер јунајтед или Ливерпул
Шпанија: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид + 1 екипа: Реал Сосиедад или Виљареал
Италија: Наполи, Лацио + 2 екипи: Интер, Милан, Аталанта, Рома, Јувентус
Франција: ПСЖ + 1 екипа: Ленс или Марсеј
Португалија: Бенфика и Порто
Холандија: Феенорд
Австрија: Салцбург
Шкотска: Селтик
Србија: Црвена ѕвезда