Во ресторанот на Меси, еден од специјалитетите е десертот „Златна топка“, чини 24 евра (Видео)

Лионел Меси има свој хотел во Андора, а во менито кое се нуди во ресторанот на хотелот, меѓу десертите се наоѓа и специјалитетот „Златна топка“. Ова благо задоволство чини 24 евра.

Во ресторанот се нудат сите омилени јадења на аргентинската фудбалска мегаѕвезда, а посебен специјалитет е десертот инспириран од освојувањето на седум „Златни топки“ за фудбалер на годината од страна на Меси.

Станува збор за голема чоколадна фудбалска топка полнета со крем, кикирики, шеќерен памук и уште некои интересни додадоци.

Погледнете како изгледа подготвувањето на „Златната топка“:

- Оглас -

Најнови вести