Валјадолид со 3:1 славеше на домашен терен против Барселона во меч од 36 коло во Примера дивисион, триумф кој многу значи за клубот во кој газда е легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо. Со оваа победа, Валјадолид стигна до 38 бодови и сега е надвор од зоната за испаѓање, но е далеку од обезбеден спас.
Уште во првите 22 минути, Валјадолид постигна два гола, што е прв пат во речиси 10 години, Барселона во толку краток период да капитулира два пати. Посебно атрактивен беше првиот гол, кој всушност беше автогол на Кристенсен.
Во 73 минута Валјадолид погоди и по трет пат, овојпат со погодокот на Плата, додека новиот шпански првак даде почесен погодок во 84 минута преку Роберт Левандовски.