Јувентус има проблеми, ќе изгуби 90 милиони евра ако не игра во ЛШ

Екипата на Јувентус има проблематична сезона и првпат по 11 години може да остане без пласман во Лигата на шампионите.

Клубор од Торино е казнет со одземање 10 бода, со што шансите за пласман во елитното натпреварување за следната сезона се сведени на минимум. Доколку Јувентус не успее да го победи Милан овој викенд, тогаш и теоретски ќе може да се прости од играњето во Лигата на шампионите.

Ова ќе биде голем удар за Старата дама бидејќи ќе остане без комплетната заработка од УЕФА за настапот во Лигата на шампионите, а според проценките, се работи за сума од минимум 90 милиони евра за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести