Навивачот Горан Кипријановски, кој е познат и како спортски амбасадор на Македонија кој често на познати странски личности им подарува дресови од македонските репрезентации и ја промовира наша земја, имаше средба со славниот тенисер Новак Ѓоковиќ и ја искористи приликата на Новак да му подари дрес од фудбалскиот национален тим на Македонија со 10-ка на грбот и презимето Ѓоковиќ.
Со ова се збогатува колекцијата на Ѓоковиќ од македонски дресови, со тоа што досега добиваше дресови од ракометната селекција, а овојпат доби и од фудбалската.
Ѓоковиќ е свесен за популарноста кај нас, можеби наскоро и ќе ја посети Македонија, но прво има друг предизвик, да го освои „Ролан Гарос“ и да стане рекордер во историјата по бројот на освоени гренслемови.