Руските медиуми најавуваат дека македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ и во следната сезона ќе биде на клупата на гигантот ЦСКА Москва.
Рајковиќ има договор на една плус една сезона и летово ЦСКА можеше да се раздели со него со тоа што ќе требаше да му исплатат финансиска компензација, но Армејците решиле да го задржат и во следната сезона.
Откако ЦСКА не успеа да ја освои титулата во ВТБ-лигата, се појавија шпекулации дека Рајковиќ има понуди од повеќе клубови и дека е фаворит за тренер на Енисеј Краснојарск, но московјаните сепак ќе го задржат човекот под чие водство го освоија третото место.