Англиски репрезентативец проговори на германски, дали се сели во Баерн? (Видео)

Англискиот репрезентативец и член на Вест хем, Деклајн Рајс, ова лето ќе биде цел на неколку екипи, но со последното видео на кое зборува на германски се зголемија шпекулациите дека негова следна дестинација ќе биде Баерн Минхен.

Интерес за фудбалерот од средниот ред има од Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал, но тука се споменува и баварскиот гигант. Единствениот проблем за Баерн Минхен може да претставува големото обесштетување кое го очекува Вест хем, а според шпекулациите, целта на Рајс ќе биде најмалку 100 милиони евра.

Рајс во Вест хем е од 2013 година, а на јуни ќе игра во финалето на Конференциската лига против Фиорентина. Сепак, Вест хем оваа сезона има разочарувачки пласман во Премиер лигата, а амбициите на Рајс се следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести