По телефон му соопштиле дека е повикан во репрезентацијата, а тој мислел дека пријателите се шегуваат со него

Следнито месец ќе се играат мечевите од третото и четвртото коло во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а дел од селекторите веќе ги објавија списоците со фудбалерите кои се повикани во националните состави.

Романија ќе игра два дуели и тоа против Косово и Швајцарија, а селекторот на оваа репрезентација, Еди Јорданеску го објави поширокиот список на кои има 31 фудбалери повикани во репрезентацијата.

Меѓу повиканите е и Мариус Бричеаг, 31-годишниот фудбалер на Корона од Киелце. За Бричеаг ова е прв пат да биде повикан во националниот состав и едноставно не можел да верува.

„Ми се јавија од репрезентацијата и мислев дека пријателите се шегуваат со мене. Среќен сум. Овој повик значи дека добро си ја вршам работата тука во Полска. Мислам дека имаме шанси да се квалификуваме на ЕП 2024 година, но тоа треба да го покажеме на терен“, рече Бричеаг.

Овој лев бек доби шанса во репрезентацијата затоа што Банчу уште ја нема санирано повредата, а Камора е во лоша форма. Бричеаг во јануари за прв пат реши да заигра надвор од Романија и направи трансфер во Корона Киелце, каде во 16 меча успеа да има и две асистенции. Претходно има играно и за Клуж, Волунтари, ФЦСБ, Крајова…

По првите две кола во квалификациите, Романија има максимални шест бодови и заедно со Швајцарија која истотака е перфектна, се на првите две позиции во групата, во која се уште и Косово, Андора, Израел и Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести