Резервниот голман на ПСЖ паднал од коњ, се наоѓа на интензивна нега во болница во Севилја

Шпанскиот голман Серхио Рико, кој му е резерва на Џиџи Донарума во Пари Сен Жермен, после синоќешниот меч со Стразбур на кој Светците ја обезбедија титулата, со дозвола од клубот заминал дома на југот на Шпанија, а во своето село паднал од коњ и се добил со сериозни повреди на главата.

Рико со хеликоптер бил пренесен во болница во Севилја и се наоѓа на одделот на интензивна нега. Има информации дека е во индуцирана кома. Од ПСЖ потврдија дека Рико е во болница и дека ситуацијата е сериозна, а и од неговиот екс клуб Севилја му посакаа брзо заздравување.

 

- Оглас -

Најнови вести