Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја подгрева атмосферата пред утрешното финале во Лигата на Европа против Севиља. Специјалниот лани со Римската волчица триумфира во Конференциската лига на УЕФА, а сега е пред нов голем предизвик во посилното натпреварување.
„Рим е фудбалски град. Само големи клубови може двапати по ред да стигнат до финале и да се борат за некој европски трофеј. Тоа многу ретко се случува“, вели Мурињо.
Франческо Тоти, легендата на Рома, потенцира дека Севиља има поголемо искуство, но дека италијанскиот тим може да победи.
„Мислам дека Севиља има повеќе искуство во ваквите мечеви. Тие имаат играно шест финалиња и победиле во сите шест. Сепак, порано или подоцна ќе загубат едно финале. Рома на чело со Мурињо има фантастична можност. Тој е тренер со многу големо искуство во вакви натпревари“, вели Тоти.