Веќе не се кријат, српската тенисерка Олга Даниловиќ и словенечкиот фудбалски голман Јан Облак се во љубовна врска.
Олга е најдобра српска тенисерка во моментов и ќерка на некогашната кошаркарска ѕвезда Предраг Саша Даниловиќ. Таа по победата во првото коло на „Ролан Гарос“ во Париз, се стрча да прослави, а таму ја пречека голманот на Атлетико Мадрид. Во ложата бил и неговиот клупски колега Стефан Савиќ со вереницата.
Даниловиќ, која има 22 години, за „Ролан Гарос“ се подготвуваше во Мадрид, а сега е јасно зошто токму таму, за да биде покрај момчето кое е е осум години постаро од неа.