Кадетски фудбалер на Мец претепал навивач до смрт!

Страшни вести стигнаа од Франција. Младински фудбалер на Мец усмртил навивач по завршување на еден меч за време на турнир одигран во Франкфурт во Германија. Француските медиуми не откриваат за кој фудбалер се работи, но се верува дека се работи за 16-годишен фудбалер кој настапува за кадетскиот тим на Мец, кој до смрт истепал навивач од Берлин.

„Младиот 15-годишен берлински тинејџер кој беше нападнат и тешко повреден од играчот на францускиот клуб Мец за време на меѓународниот турнир во Франкфурт, почина“ пренесува францускиот РМЦ.

На турнирот во Франкфурт учествувале вкупно 16 екипи, а таму биле и дел од некои големи европски клубови. Фудбалерот на Мец моментално е во истражен затвор.

Тепачката се случила по неколку „искри“ на теренот и неколку пцовки кои стигнале од трибините. Тогаш фудбалерот на Мец загубил контрола и крвнички го истепал навивачот од Берлин, кој подоцна починал.

Сите во клубот Мец се шокирани од овој настан. Во овој француски клуб, во младинските категории поминале и ѕвезди како што се Садио Мане и Миралем Пјаниќ.

 

- Оглас -

Најнови вести