Пресврт: Бензема сепак останува во Реал Мадрид?

Карим Бензема вчера ја прими награда “Легенда на Марка“, која шпанскиот весник Марка ја доделува за најдобрите спортски професионалци во историјата. Бензема на настанот одговараше на прашањата на новинарите, но избегна да даде конкретен одговор околу својата иднина и можниот трансфер во Ал-Итихад за 400 милиони евра по сезона.

Сепак, како што тврди токму весникот Марка, Бензема ќе остане уште една сезона во Реал Мадрид и ќе го одработи она што го договори со раководството на клубот пред извесен период, иако официјално новиот договор не е потпишан, а дури потоа ќе следува преселба во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести