Тренерот на шпанскиот шампион Барселона, Чави Ернандес, уште еднаш изјави дека сака Лионел Меси да се врати на „Камп Ноу“. Меси од понеделник ќе биде слободен играч откако одлучи да ја одбие понудата на ПСЖ за продолжување на договорот.
Како можен следен клуб на Аргентинецот се споменува токму Барселона која иако има проблеми со финансискиот фер-плеј, не се откажува од можноста да го врати Меси на „Камп Ноу“.
„Лео Меси одлуката ќе ја донесе идната недела и ја има целата моја поддршка да ни се приклучи. Тој знае дека сме подготвени да го пречекаме. Ништо не се променило, имаме шанси. Го сакаме Лео тука, и тој нека одлучи. Јас сум подготвен да го приклучам на нашиот систем“, изјави Чави Ернандес за весникот „Мундо Депортиво“.
🚨 Xavi: "Leo Messi will decide his future next week. He has 100% my OK to join us".
"He knows we're ready to welcome him. Nothing has changed, we have chances. We want Leo here. Let him decide. I'm ready to include him in our system", tells Mundo Deportivo. 🔵🔴 #FCB pic.twitter.com/jG75oAXVSn
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 2, 2023