Ретко кој земал ваков поен против Ѓоковиќ: Топката не ја помина мрежата, а заврши во полето на Србинот (Видео)

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина е елиминиран на Ролан Гарос откако со 0:3 во сетови загуби од еден од главните фаворити за трофејот, Новак Ѓоковиќ. Иако не успеа да освои сет против Србинот, Давидович Фокина одигра одличен меч и 3 часа и 36 минути му даваше отпор на фаворитот.

Шпанецот го имаше и најдобриот поен на мечот, а сигурно и еден од најдобрите на турнирот. По еден атрактивен поен, Ѓоковиќ упати една топка која е речиси неверојатно да се врати, но Давидович Фокина најде начин и сила да го врати топчето и тоа во полето на Новак, без да ја помине мрежата.

https://twitter.com/i/status/1664627494471835648

- Оглас -

Најнови вести