Легендарен португалски репрезентативец остана без клуб!

Европскиот шампион со Португалија од 2016-тата година, Жоао Мутињо, летово останува без клуб откако не го продолжи договорот со Вулверхемптон Вулвс. 36-годишниот португалец на Островот стигна во 2018-тата година од Монако, но и покрај годините сезонава беше стандарден за Вулвс и одигра 36 натпревари.

Се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата, а претходно освен за Монако, настапуваше и за Порто и Спортинг Лисабон. Во својата кариера трофеј не освои само со Вулверхемтон, а претходно се радуваше на по три титули од првенството, Купот и Лига Купот на Португалија, пет во Супер Купот на Португалија и еден во Лигата на Европа. Во Франција освои две титули со Монако, по еден во првенството и Лига Купот.

- Оглас -

Најнови вести