Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз во Европската сребрена лига, овојпат од селекцијата на Естонија со максимални 0-3.
Гостинките од Балтикот одиграа одлични први два сета кои ги добија со 25-10 и 25-14. Најмногу возбудувања имаше во третиот сет кој и припадна на Естонија со 25-20.
Со овој дуел заврши серијата од три натпревари на домашен терен за нашите одбојкарки. Сега следуваат возвратните гостувања кај Естонија, Летонија и Австрија.
Македонија е на последното, четврто, место во групата “А“ во женската Европска сребрена лига без бодови и без освоен сет. На лидерската позиција е Естонија со максимални 9 бодови.