Од Реал си заминува и “паразитот“ кој заработуваше 8.5 милиони евра годишно

Уште еден фудбалер си заминува од Реал Мадрид. Се работи за еден од најомразените фудбалери на навивачите, “паразитот“ како што го нарекуваат, Мариано Диас.

Фудбалерот кој оваа сезона одигра само 11 натпревари и на тревникот помина само 150 минути, годишно заработуваше по 8.5 милиони евра и постојано одбиваше да го раскине договорот, бидејќи не сакаше да се откаже од парите кои ги заработува. Токму поради тоа го навлече гневот на навивачите и го доби прекарот “паразит“.

Во моментов нема информации дали има заинтересирани клубови да го доведат фудбалерот кој освои 13 трофеи со Реал Мадрид, но немаше никаков ефект во нив.

https://twitter.com/realmadriden/status/1665020550295461888?s=20

- Оглас -

Најнови вести