Ова е како филм во режија на Хичкок, Антверпен со гол во 94-та минута по пауза од 66 години ја освои титулата (Видео)

Фудбалерите на Антверпен се нови шампиони на Белгија откако во последното коло во Жупилер лигата одиграа 2:2 против Генк.

Но, Антверпен до титулата дојде на неверојатен начин и во расплет на настани на кои може и ледгендарниот режисер Алфред Хичкок може да им позавиди.

Во последното коло, три екипи беа во битка за титулата, а во најдобра позиција беше Унион Сен Жил кој на домашен терен играше против Бриж.

Унион Сен Жил во последното коло влезе со 46 бода, исто колку што имаше и Антверпен, додека Генк беше трет со бод помалку.

Но, Унион Сен Жил загуби од Бриж со 1:3 иако до 89-та минута ја имаше титулата во своите раце. Но, потоа Хома, Ланг и Сандро во судиското продолжение кое траеше десет минути, постигнаа голови за триумф на Бриж, по што најблиску до титулата беше Генк.

Генк во 90-та минута влезе со водство од 2:1 против Антверпен, и навивачите на домашниот тим веќе ја прославуваа титулата. Но, Тоби Алдервеирелд во 94-та минута постигна гол за Антверпен за 2:2, вреден шампионска титула. На крајот, Антверпен со 47 бода, еден повеќе од Унион Сен Жил и Генк, ја освои титулата и тоа по пауза од 66 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести