Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ по денешната победа над Перуанецот Варељас во три сета, им откри на новинарите како помина неговата средба со ѕвездите на ПСЖ, Лионел Меси и Килијан Мбапе.
Новак во саботата го следеше последниот меч на ПСЖ сезонава, а притоа имаше средба со најголемите ѕвезди на ПСЖ.
https://twitter.com/CristinaNcl/status/1665116286030938118?s=20
„Тоа беше кратко ама слатко. Беа љубезни, застана за да размениме некој збор. Знам како и кога одите на натпревар. Очекувањата се големи, посебно за нив двајца бидејќи се најдобри на светот. Не сакав да им додевам, тие застанаа кога одеа кон соблекувалната и благодарен сум им на тоа“, изјави Ѓоковиќ, кој откри дека неговите деца ги обожуваат ѕвездите на ПСЖ.
„Се видов со Нејмар на полувремето и тој се потпиша на дресот на Тара која го обожува. Синот Стефан го сака Меси. “