Алегри нема намера да си поднесе оставка

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека нема намера да си поднесе оставка од тренерската позиција бидејќи има уште две години од договорот со Старата дама.

Јувентус сезоната ја заврши со победа над Удинезе од 1:0, но му беа одземени десет бода поради финансиски малверзации и падна на седмото место на табелата и ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на конференции.

„Нема преговори за мое заминување бидејќи имам уште две години од договорот со Јувентус. Немам намера да си поднесам оставка. Сакам да продолжам со работата како што правев и досега. Сега ми е потребен малку одмор“, изјави Алегри.

- Оглас -

Најнови вести