Освои Премиер лига и ФА куп, па се почести со автомобил од 250.000 евра

Џек Грилиш со Манчестер сити ги освои Премиер лигата и ФА купот, а ќе има шанса да ја освои и Лигата на шампионите ако го совладаат Интер на 10 јуни во Истанбул.

За досегашниот успех, фудбалерот сам се почести и си купи автомобил во вредност од 250.000 евра, и тоа Lamborghini Performante Urus. Сепак, оваа сума и не е голема за него бидејќи неделно заработува по 230.000 фунти, што е околу 266.000 евра.

Максималната брзина на автомобилот е 306 километри на час, а до брзина од 100 километри на час развива само за три секунди.

- Оглас -

Најнови вести