Само тројца фудбалери коишто играа на СП 2002 сè уште се активни на фудбалските терени!

Златан Ибрахимовиќ на 41 година стави крај на фудбалската кариера. Тој беше еден од ретките фудбалери коишто играа на Светското првенство во 2002 година кое се одржа во Јапонија и Јужна Кореја, а сè уште беа активни.

Сега остануваат само уште тројца коишто играа пред 21 година, а сè уште можеме да ги гледаме на фудбалските терени.

Најголемото име е италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој со 43 години сè уште е фантастичен на голот на Парма и со своите настапи стана вистинска светска голманска икона.

Вториот е легендарниот парагвајски фудбалер и поранешен капитен на репрезентацијата, Роке Санта Крус. Тој со 41 година сè уште е активен и игра за Либертад во својата татковина.

Третиот фудбалер, воедно и најмлад од овие тројца, е поранешниот нигерски репрезентативец Бартоломеу Огбече, кој со 38 години е активен во првенството на Индија и настапува за екипата на Хидерабад.

- Оглас -

Најнови вести