Лионел Меси и официјално ја заврши кариерата во Пари Сен Жермен, а сега главна тема е кој ќе биде следниот клуб на Аргентинецот. Иако вчера неговиот татко зборуваше дека Меси сака да се врати во Барселона, последните информации велат нешто сосема поинаку.
Познатиот новинар Руди Галети тврди дека во следните часови треба да биде одржан состанок меѓу Меси и неговиот иден клуб, Ал-Хилал.
„Нема промена на планот. Во следните 48 часа ќе биде одржан состанок меѓу Меси и челниците на Ал-Хилал. Како што стојат работите, ништо не може да ја расипе оваа работа. Потпис на договорот е очекуван епилог. Меси е на пат кон Саудиска Арабија“, пренесе Галети на својот твитер-профил.
🚨🔥 #Messi–#AlHilal, no change of plans: within the next 48 hours there will be the final meeting between the parties.
🔜✍️ As it stands, there are no elements that can hijack the deal: the signing on the contract is the expected epilogue.
✅ Leo is on the road to 🇸🇦. 🐓⚽ pic.twitter.com/noOB5WzVMr
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) June 5, 2023