Фудбалската репрезентација на Хрватска е во Риека, на подготовки за завршниот турнир во Лигата на нациите, а на првиот тренинг се случи инцидент. Селекцијата која официјално е третопласирана на Светското првенство во Катар беше поздравена од навивачите кои добија шанса да го следат тренингот, но тогаш се случи и еден инцидент.
Цел на навивачите кои беа на трибините беше Марко Ливаја. Напаѓачот на Хајдук доби неколку вербални навреди од трибините, а потоа не издржа и тргна кон трибината за да се пресмета со фановите.
„Ѓубре едно, марш од репрезнетацијата“, „Погледни ги столчињата скршени на источната трибина, треба да ја надополните штетата која ја направивте“, беа дел од коментарите на навивачите што го натераа Ливаја непристојно да реагира.
Фудбалерот сакаше да се пресмета со дел од навивачите кои го навредуваа, но тогаш се појави Ведран Чорлука, кој успеа да го смири соиграчот.