Анхел Ди Марија после само една сезоната во дресот на Јувентус, ќе си оди како слободен фудбалер од Торино. Неговиот договор со “старата дама“ истекува со завршувањето на тековната сезона, а нов нема да биде потпишан.
Аргентинецот во Јувентус пристигна од ПСЖ минатото лето, а сега заинтересирани за неговите услуги се два клуба каде настапуваше во минатото. Се работи за екипата на Бенфика, која беше прв клуб на Ди Марија после пристигнувањето во Европа, како и неговиот матичен клуб Росарио Централ.
Сепак, желбата на светскиот шампион со Аргентина е да остане во Европа, па така големи се шансите Бенфика да добие големо засилување ова лето.