Химки во последните десет минути ја згази „зелената шума“

Химки и без Алексеј Швед го совлада Жалгирис со 74:64 во првиот денешен меч од кошаркарската Евролига. По 30 минути игра, гостите од Литванија имаа предност од девет поени разлика, но во последната четвртина се случи целосна доминација на домашните, кои предводени од американските кошаркари и Србинот Марковиќ, направија голема пресврт, па на крајот славеа и со комотни 10 поени разлика. Последната четвртина домашните ја добија со 27-8.

Сега и Химки и Жалгирис имаат по 8 победи и 13 порази.

За Химки, кој од неодамна има литвански тренер (Римас Куртинаитис), заврши серијата од три порази по ред, додека за Жалгирис продолжи лошата резултатска серија. Има шест порази на последните седум меча, а на гости не победил од средината на декември. Химки има 7-1 во евролигашките дуели со Жалгирис, а 2-0 во оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести