Јувентус е заинтересиран за отфрлената ѕвезда на Реал Мадрид?!

Екипата на Јувентус сака да ја освежи екипата со играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкес. Фудбалерот од 2007 година е во Кралскиот клуб и ги мина младинските категории, а од 2015 е дел од првата екипа. Договорот помеѓу Реал и Васкес истекува следното лето, но фудбалерот сака да си замине, а Кралевите нема да му прават проблеми и ќе му дозволат.

Според шпекулациите, Јувентус е подготвен да понуди пет до седум милиони евра за неговите трансфер.

Васкес оваа сезона за Реал Мадрид одигра 30 натпревари, постигна четири погодоци и запиша три асистенции. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно девет натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести