Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром и во следната сезона ќе биде предводен од тренерот кој ја донесе последната, јубилејна титула, Васко Атанасов. Младиот стратег застана на чело на екипата по заминувањето на Драган Николиќ и на убедлив начин го предовдеше тимот во плејофот до титулата без ниту еден пораз, па со скор од седум победи, аеродромци само ја потврдија доминацијата.
Атанасов и во регуларниот дел неколку меча беше на чело на МЗТ Скопје и во сите забележа победи. Има и еден триумф во АБА-лигата, кога на гости Штрковите го победија Сплит.
И во следната сезона главна цел на МЗТ Скопје Аеродорм ќе биде освојување на двете домашни титули, во првенството и во Купот. Аеродромци во 2012 година првпат станаа шампиони на Македонија, а сега веќе имаат 10 шампионски пехари во своите витрини, што само ја покажува доминацијата во изминатава декада.
Атанасов веќе започнува со формирање на екипата за следната сезона, па договорено е и првото засилување. Дресот на МЗТ Скопје Аеродром ќе го облече младиот плејмејкер Марин Петков, кој минатата сезона настапуваше за Феникс.