Карим Бензема вчера и официјално беше претставен како нов фудбалер на саудискиот Ал-Итихад, кој пак направи голем гаф на социјалните мрежи поради кој сите му се смееја.
Имено, Бензема беше претставен преку видео, а клубот чиј надимак е Тигри погрешно го напиша презимето на фудбалерот и Бензема го преименува во Бензима:
„Бензима е тука. Новиот тигар ќе рика. Добредојде во Итихад“.
Грешката брзо беше исправена, но предоцна бидејќи фановите на „Твитер“ веќе почнаа да тераат мајтап со саудискиот тим.
Бензема со Ал-Итихад потпиша двегодишен договор вреден 400 милиони евра, со можност тој да се продолжи за уште една под исти услови.