Ова е лудо: Бензема за секој поминат ден во Ал-Итихад ќе добива речиси 600.000 евра!

Карим Бензема вчера потпиша тригодишен договор со тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. За верноста кон новиот клуб, Бензема ќе заработи вкупно 600 милиони евра, што е и најголем договор во историјата на фудбалот.

Докажаниот француски голгетер цели 14 години беше дел од Реал Мадрид и кога се мислеше дека ќе остане уште една година на „Сантијаго Бернабеу“, изненади со одлуката да си замине од Кралскиот клуб и да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

„Се радувам и со нетрпение чекам да им се приклучам на моите нови соиграчи и заедно со нив да го подигнеме овој неверојатен клуб и фудбалот во Саудиска Арабија на ново ниво“, рече Бензема.

Французинот ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а ако се направат подетални пресметки, тоа значи дека Бензема на месечно ниво ќе добива 16.666.666 евра месечно, односно 4.166.666 милиони евра неделно.

Неверојатни делуваат 595.238 евра за секој ден на Бензема поминат во новиот клуб, а тоа значи дека секој нареден час неговата банкарска сметка ќе биде побогата за 24.801 евра. Најдетално пресметано, Бензема за секоја минута ќе добива 413 евра, а секунда му вреди 6,88 евра.

- Оглас -

Најнови вести