Вчерашната одлука на Лионел Меси кариерата да ја продолжи во Интер Мајами на тимот од МЛС-лигата му донесе голем број нови фанови на социјалните мрежи, а скокнаа и цените на билетите, и тоа за 16 пати.
Имено, официјалната страница на Интер Мајами на „Инстаграм“ до завчера имаше 1,1 милион следбеници, а откако Меси објави дека ќе потпише за овој тим, бројката за фанови за неполни 24 часа скокна на 4,5 милиони.
Заради Меси драстично поскапеа и влезниците за домашните натпревари на Интер Мајами, минималната цена на влезница пред објавата на Меси изнесуваше 29 долари, а од денеска таа е поскапа за 16 пати и изнесува 467 долари.