Барса го прегази Олимпијакос во „Мир и пријателство“

Барселона на убедлив начин го заврши евролигашкото гостување кај Олимпијакос победувајќи го со 76:55. Најефикасен поединец во победничкиот тим беше Крис Синглтон, кој во минатата сезона играше за Панатинаикос и таму веројатно му вродија омраза кон Пирејците.

Тимот на тренерот Светислав Пешиќ почна фуриозно, првата четвртина ја доби со неверојатни 27-6. Домашните се освестија од шокот, па во вториот квартал ја преполовија негативата, но нападот не продолжи во ист стил, а во последната четвртина Барса повторно се одлепи сериозно и го докрајчи противникот.

По оваа победа, Барселона и Олимпијакос имаат еднаков број бодови, но сега Каталонците се со подобра кош-разлика на петтата позиција, а Олимпијакос, кој првпат загуби дома по повеќе од два месеци, падна на шесто место. Олимпијакос победи во Барселона со 69:60 на првиот меѓусебен меч, а ова вечерва беше реванш со камата.

- Оглас -

Најнови вести