Партизан испадна од Еврокупот, па „гробарите“ им влетаа на тренинг (Видео)

Партизан не успеа да се пласира од топ 16 фазата од Еврокупот, синоќа во преполниот „Пионир“ загуби минимално од Литвос ритас, а навивачката група „гробари“ дојде на вечерашниот тренинг со цел да им даде поддршка на играчите и да им порача да не очајуваат.

Фановите знаат дека на кошаркарите им треба голема поддршка, па неколку десетици од нив се појавија во салата додека тренираше екипата на тренерот Андреа Тринкиери и со песна ги поддржаа своите миленици. Тие му посветија песна и на италијанскиот тренер, кому му дадоа подароци.

Погледнете како изгледаше тоа:

https://twitter.com/i/status/1091062593538662402

- Оглас -

Најнови вести