Осасуна останува без Европа? Клубот се огласи со соопштение

Европската фудбалска унија, УЕФА, го разгледува учеството на Осасуна во квалификациите за Конференциската лига за следната сезона. Сето ова доаѓа по пријавата на Шпанската федерација дека клубот е под истрага за местење натпревари, а има и пресуда на Врховниот суд на Шпанија со која се осудени поранешни членови на раководството на клубот за незаконско влијание на резултатот на одредени натпревари.

Сепак, овие случувања се стари десетина години, но одлуката на Врховниот суд е донесена оваа година, а се однесува на претседателот на клубот во периодот од 2012 до 2014 година.

Во соопштението на клубот се вели дека тие соработуваат со УЕФА и ги доставиле сите побарани информации, како и тоа дека случувањата се стари една деценија, а никој од моменталната гарнитура не бил дел од клубот во тој период.

- Оглас -

Најнови вести