Зошто Златан никогаш не заигра за БиХ? Една реченица го натера да игра за Шведска

Со завршувањето на оваа сезона, официјално заврши и кариерата на еден од најголемите фудбалери на денешницата, Златан Ибрахимовиќ. Познато е дека фудбалерот има потекло од поранешна Југославија, односно неговиот татко Шефик е од Бјелина (БиХ), а неговата мајка Јурка е од Хрватска.

Босанците веројатно секогаш ќе жалат што испуштија играч од светска класа, а таткото на Златан објаснува зошто неговиот син никогаш не заигра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

„Разговарав со луѓето од Фудбалскиот сојуз. Инсистирав да го повикаат Златан, но тие ми одговорија ‘имаме ние такви колку сакаш’. Тоа ме погоди многу и никогаш повеќе не се јавив. Швеѓаните во него видоа играч од светска класа, а јас тоа го знаев уште кога Златан започна да игра фудбал. Нема да го кажам името на тренерот кој ме одби, нека му служи на чест“, изјави Шефик Ибрахимовиќ, татко на Златан.

Златан Ибрахимовиќ за Шведска дебитираше на 20 години во 2011 година и играше на неколку големи натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести