Гол постигнат директно од аут и судијата исправно го призна (Видео)

Додека во најголем дел од европските фудбалски првенства возбудувањата завршија, во Финска дури сега започнуваат возбудувањата. Дуелот меѓу СЈК Сеинајоки и ВПС Васа заврши со победа на домаќините од 2:1, а посебно неверојатен беше погодокот за водство од 1:0.

Само што започна дуелот, во втората минута беше досуден аут за домаќините, а левиот бек Јагбе реши да ја уфрли топката далеку пред голот на противникот. Топката уфрлена од аут заврши буквално пред голот на противникот, а таму голманот на гостите, Тепо Мартинен се обиде да ја фати топката со рака, а таа заврши во мрежата.

Судијата исправно го призна голот затоа што голманот играше со топката пред таа да влезе во мрежата. Доколку голманот не играше со топката и таа директно влезеше во голот без никој да не ја допре, тогаш погодокот немаше да биде признат. Во овој случај тоа е автоголот на Мартинен.

https://twitter.com/i/status/1666832821053161474

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести