Баерн Минхен му го нанесе третиот сезонски пораз на Фенербахче во кошаркарската Евролига. „Баварците“ на тренерот Дејан Радоњиќ по две продолженија со 90:86 го совладаа лидерот на Евролигата. Тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ има само три порази и остана прв на табелата, а два од трите порази му се во мечеви со продолженија.
Во регуларните 40 минути, средбата заврши 66:66. Фенер преку Слукас се спасуваше од пораз. Во првото продолжение, Лучиќ со тројка за водство можеше да стане јунак, исто како и Ловерњ на другата страна, но францускиот центар погоди само едно слободно за 80-80, па Лучиќ не се избори за победа, туку имаше уште пет минути. Баерн се снајде подобро во периодот од 45-тата до 50-тата минута и не дозволи првпат во Евролигата да се одигра меч со три продолженија.
Басконија немаше проблем со Макаби и го порази со 97:73.