Македонски четвртолигаш учествуваше во хуманитарна акција и приготвуваше храна за загрозени семејства (Фото)

Еден од најмладите фудбалски клубови во Македонија, но и еден од најактивните на социјалните мрежи, Слободен од Скопје, учествуваше во кампањата на „Ретвитни одброк“ и „Вистински дела на љубезност“ за приготвување бесплатни оброци за најзагозените семејства. Фудбалерите и раководството и во оваа прилика се прикажаа во одлично светло и покажаа дека знаат да се снајдат и во кујна, а не само на фудбалските терени.

Уште еден потег за поздрав на ФК Слободен и на момците што го водат клубот кој оваа сезона дебитираше во четвртолигашкиот ранг на македонскиот фудбал, односно во општинската фудбалска лига Кисела Вода.

- Оглас -

Најнови вести