Новак ќе игра во финалето на „Ролан Гарос“, повредата на Алкарас го расипа спектаклот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в недела ќе игра за третата гренслем-титула на „Ролан Гарос“, откако во првото полуфинале го совлада првиот носител Карлос Алкарас во четири сета со 6:3,5:7,6:1,6:1.

Пресметката на првиот и третиот носител беше фантастична во првите два сета кои траеја дури два часа и десет минути, но повредата на Шпанецот во третиот сет го расипа спектаклот. По првите два сета беше израмнето, на Новак му беше доволен еден брејк за да поведе со 1:0 во сетови, а Алкарас возврати во вториот.

https://twitter.com/i/status/1667173600497922049

Шпанецот направи брејк во осмиот гем за 5:3 и доби можност да сервира за сет, но Ѓоковиќ успеа да се врати во игра. Сепак, во 12-тиот гем, Алкарас повторно го одзеде севисот на Новак и израмни на 1:1 во сетови.

https://twitter.com/i/status/1667193666320957441

Во третиот сет, спекталот го расипа повредата на Шпанецот. Имено, Алкарас при еден доскок незгодно стапна и заработи повреда на ногата, поради што мораше да побара медицински тајмаут. Бидејќи тоа го направи додека се играше гемот, според правилата, во таков случај автоматски го губи гемот.

Шпанецот мораше да прифати такво сценарио, но масажата на ногата не му помогна и Ѓоковиќ со убедливи 6:1 го освои сетот.

Во четвртиот сет, Алкарас не беше достоен противник на Новак, кој на повредениот Шпанец му дозволи да освои само еден гем.

Ѓоковиќ во неделното финале ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое вечерва ќе се сретнат Каспер Руд и Александер Зверев.

Новак Ѓоковиќ има два триумфа на „Ролан Гарос“ (2016 и 2021), а в недела ќе игра по седми пат во финалето.

- Оглас -

Најнови вести