Лионел Меси ги реши сите дилеми околу тоа каде ќе настапува следната сезона, откако го одбра Интер Мајами за негова следна дестинација. За прв пат по 23 години поминати во Европа, Меси има нов предизвик и тоа во САД.
Пред да замине во новиот клуб, Меси има репрезентативни обврски, па така тој беше дел од аргентинската репрезентација која треба да одигра контролен меч со Австралија.
Неочекувано, при доаѓањето во Пекинг, кинеските полицајци воочија некаков проблем со пасошот на Меси. Тие го сопреа капитенот на аргентинската репрезентација, го опколија и потоа го повикаа во соба за дополнителни контроли.
هناك مشكله في جواز سفر ليو ولم يتم حلها إلى الآن pic.twitter.com/6XcT6SqiDY
— Messi Xtra (@M30Xtra) June 10, 2023
Половина час траеја дополнителните процедури за околу пасошот на Меси, а за тоа време останатите репрезентативци трпеливо чекаа.
الأسطورة ميسي مُرهق pic.twitter.com/nG58FVkpRy
— Messi Xtra (@M30Xtra) June 10, 2023