Е. Пелистер продолжува да се засилува за настапот во ЛШ, Данец е нов пикер на битолчани

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер продолжува да се засилува за новата сезона во која го очекува настап во Лигата на шампионите, и тоа со дански ракометар.

Нов член на битолчани е пикерот Андреас Јохан Нилсен кој потпиша едногодишен договор, со можност истиот да се продолжи за уште една сезона. Нилсен во Еурофарм Пелистер доаѓа од редовите на данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми.

Пред Морс, Нилсен настапуваше за Нордсјеланд, а има настапи за данската репрезентација во младинските категории. Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.

Нилсен нема да биде единствен Данец во Битола, пред неколку дена, договорот го продолжи Каспер Кисум.

Претходно Е. Пелистер го ангажира и словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте.

- Оглас -

Најнови вести