Свјонтек не дозволи изненадување, ја одбрани титулата на Ролан Гарос

Полска тенисерка Ига Својнтек успеа да ја одбрани титулата и третпат да го освои трофејот на Ролан Гарос, откако во финалето ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова со 2-1, по сетови 6-2, 5-7 и 6-4.

Свјонтек доминираше на почетокот на мечот и после 6-2 во првиот и 3-0 во вториот сет, се чинеше дека ќе има лесна задача. Сепак, Мухова најде сили за пресврт во вториот сет и започна одлично во третиот. Имаше водство од 2-0, потоа и од 4-3, но полската тенисерка ги освои последните три гејма за победа во големото финале.

Свјонтек е првата тенисерка што успеала да го одбрани трофејот на Ролан Гарос после 16 години, а тоа последен пат и успеа на билгиската тенисерка Џаснин Анин.

 

- Оглас -

Најнови вести