Брозовиќ е првиот хрват кој е капитен во финале на ЛШ!

Екипите на Манчестер Сити и Интер за неколку минути ќе го започна финалето на Лигата на шампионите на Олимпискиот стадион “Ататурк“ во Истанбул, а хрватот во редовите на Интер доби голема чест.

Марсело Брозовиќ е првиот хрват кој ќе биде капитен на екипа финалист во Лигата на шампионите. Тој ќе го предводи Интер, а дали и 11-ти пат по ред ќе победи екипата која во своите редови има хрватски фудбалер, ќе дознаеме околу 23 часот или можеби малку подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести